1. Како да станам член на клубот MyCITROËN?
За да станете член на клубот MyCITROËN, потребно е само да пополните барање и да го доставите до вашиот најблизок овластен сервис на CITROËN. Истото може да го направите и преку веб-страницата
www.mycitroen.mk, со пополнување на формуларот за апликација. При пополнување на апликација преку веб-страницата, вашето членство ќе биде обработено од страна на системот.
2. Кои поволности ќе ги уживам со зачленувањето?
Веднаш по зачленувањето можете да користите попусти на оригинални резервни делови и на сервисните услуги во согласност со скалата на попусти. Во текот на годината, како член на клубот на сопственици MyCITROËN ќе добивате специјални попусти и бенефиции кои се наменети само за членовите на клубот.
3. Kако може да станам член на MyCITROËN on-line?
Може да станете член на клубот MyCITROËN со пополнување на формуларот за регистрација кој се наоѓа на веб-страницата
www.mycitroen.mk Пo пополнување на апликација преку веб-страницата, вашето членство ќе биде обработено од страна на системот.
4. Моето возило не е купено во Македонија преку овластената продажна мрежа на CITROËN. Дали може да се зачленам во клубот на сопственици на CITROËN?
Да, секако дека можете. Во клубот MyCITROËN може да се зачлени секое физичко лице кое е сопственик на патничко возило од марката CITROËN регистрирано во Република Македонија, кое се користи за лични потреби.
5. Пополнив on-line апликација но не добив потврда за членство. Дали сум член на клубот или не?
Ако се направиле on-line апликација и сте кликнале на "Испрати" а сеуште не сте добиле порака за успешна регистрација:
a) Проверете дали било кој од внесените полиња со податоци е означен со црвена боја, во тој случај потребно е да се внесат информациите кои недостасуваат или пак се неточни;
b) Проверете дали сте ја внеле точната e-mail адреса;
6. Што се случува со моите бенефиции ако го променам местото на живеење? Дали можам да ги користам бенефициите и попустите, како член на клубот MyCITROËN?
Ако го промените давателот на услугата односно се одлучите за друг овластен сервис во мрежата на CITROËN ги задржувате сите предности на кои имате право како член на клубот MyCITROËN. Услов за користење на услугата е оригиналните резервни делови да бидат вградени во мрежата на овластени сервисери на CITROËN. Листата на овластени сервиси се наоѓа на линкот
CITROËN центри.
7. Во кои сервиси може да ги искористам бенефициите од членството?
Бенефициите и попустите на кои имате право како член на клубот MyCITROËN можете да ги користите кај секој овластен сервис во мрежата CITROËN. Листата на учесници, овластени сервиси може да ја најдете на
CITROËN центри.
8. Кои придобивки ги нуди клубот MyCITROËN?
Членувањето во клубот MyCITROËN ви гарантира бројни попусти и бенефиции во текот на годината. За бенефициите ве информираме со помош на контакт информациите кои ни ги оставате при зачленување во клубот MyCITROËN. Во исто време, имате право на попусти за одржувањето на вашето возило. Можете да искористите предности и попусти до 35% на оригинални резервни делови и на сервисните услуги во зависност од староста на вашето CITROËN возило.
Старост на возилото |
Попуст |
до 2 години |
5 % |
од 2 до 3 години |
10 % |
од 3 до 4 години |
15 % |
од 4 до 5 години |
20 % |
од 5 до 6 години |
25 % |
од 6 до 7 години |
30 % |
7 години и повеќе |
35 % |
9. Дали имам право на попусти при поправка на возилото во лимарскиот сервис?
Да, само ако се работи за приватна штета а не штета покриена од осигурителна компанија.
Попустите не се однесуваат на: пневматици, акумулатори, дополнителна опрема, гуми, комплементарни резервни делови “Eurorepar”, гориво, подмачкувачи и хемиски производи.
10. Дали ќе добијам попуст при редовен сервис за одржување?
Да, но попустите важат само за потрошни делови (филтри, свеќички, сопирачки,..) попустите не опфаќаат гориво и подмачкувачи. Попустите во секој случај не се однесуваат на резервните делови од групата: пневматици, акумулатори, дополнителна опрема, гуми, комплементарни резервни делови “Eurorepar”, гориво, подмачкувачи и хемиски производи.
11. Дали како член на клубот може добијам попуст при купување или менување на пневматици?
Не, попусти на пневматици не се применуваат, ниту пак спаѓаат во нашата активност. Попустите во секој случај не се однесуваат на резервни делови од типот на: пневматици, акумулатори, дополнителна опрема, гуми, комплементарни резервни делови “Eurorepar”, гориво, подмачкувачи и хемиски производи.
12. Како можам да го откажам моето членство во клубот?
Членството можете да го откажете во секое време со писмено известување по електронски пат на e-mail:
club@citroen.com.mk.
13. Кои се моите обврски ако станам член на клубот MyCITROËN?
Членство во клубот MyCITROËN не повлекува никакви обврски. Единствениот услов за користење на попусти на оригинални резервни делови е тие да се вградени во мрежата на овластени сервиси на CITROËN. Листата на овластени сервиси може да ja најдете на линкот
CITROËN центри
14. Имам 5 години стар автомобил и сум член на клубот MyCITROËN и имам право на 25% попуст на оригинални резервни делови и на сервисните услуги. Можам ли да ги задржам попустите ако го променам моето возило?
НЕ. Попустите на оригинални резервни делови и на сервисните услуги се поврзани со староста на возилото што го поседувате. Затоа, попустите не се префрлуваат на друго возило. Табела со попусти:
Старост на возилото |
Попуст |
до 2 години |
5 % |
од 2 до 3 години |
10 % |
од 3 до 4 години |
15 % |
од 4 до 5 години |
20 % |
од 5 до 6 години |
25 % |
од 6 до 7 години |
30 % |
7 години и повеќе |
35 % |
15. Дали попустите важат за други марки на возила?
НЕ. Попустите и бенефициите за членовите на клубот можат да ги искористат единствено за возилата на марката CITROËN.
16. Како да пријавам промена на моите лични податоци?
Информациите за промените во личните податоци или за возилото можете да ги испратите на e-mail адреса:
club@citroen.com.mk.
17. Дали може членка на клубот MyCITROËN да биде компанија?
Не, правни лица не можат да станат членови на клубот.
18. Ако го заменам возилото кому треба да испратам порака?
Промените во личните податоци или информациите за возилото можете да ги испратите на e-mail:
club@citroen.com.mk.
19. Што ако не сакам да добивам повеќе информации?
Ако не сакате да ги добивате нашите билтени, можете да ја откажете таа опција по пат на e-mail. Можете да останете член на клубот и да ги искористите предностите и придобивките од услугите, но да не добивате никакви известувања од нас. Но, ако не прифаќате известување нема да можете да бидете информирани за бенефициите кои можете да ги искористите а на кои имате право како член на клубот.